Исполнет е дадениот збор

Повеќето сопствениците на неколкуте трафики кои се наоѓаа на трасата, предвидена за изградба на  велосипедска патека на главната сообраќајница „ Ѓорче Петров“ во истоимената општина, а кои попречуваа во финиширање на изградбата на патеката, пред повеќе од триесеттина дена ги тргнаа старите објекти, согласно договорот со општината Ѓорче Петров, градоначалникот Митровски и Советот на Општината. Општинарите им овозможија на сопствениците своите објекти да ги дислоцираат така што објектите само ги повлекоа неколку метри но не ја сменија локацијата што претставува најголема придобивка за дуќанџиите.

Со тоа се овозможи непречена реализација на проектот „Скопје велоград- 2017“ кој го реализира градот Скопје. Сопствениците на сега сосема новите и типизирани објекти не го кријат своето задоволство од договорот кој и двете страни го исполнија и испочитуваа во целост. Застој во работењето на градежниците, ангажирани за  реконструирањето на  улицата која е една од најпрометните во градот Скопје  и општината, но и на патеките и тротоарите на истата,  воопшто немаше.