Интензивно ќе се работи на превенција и спречување на семејно насилство 

Во организација на општина Ѓорче Петров денеска се одржа средба на дел од општинската администрација која работи во секторите култура, образование и социјала со претставници од неколку невладини организации, кои исто така делуваат во наведените сфери.

Беше зборувано за идни заеднички проекти и воспоставување соработка во делот на социјална заштита, еманципација на жените, во делот на семејното насилство, промоција на човекови права, отворање СОС линија за помош …

Договорено е да има вакви средби во континиутет во наредниот период, и исто така да биде потпишан меморандум за соработка меѓу општината и претставниците на НВО-секторот во кој ќе биде договорена насоката на делување.

Присутните ги поздрави и градоначалникот Александар Наумоски, кој рече дека општината им стои на располагање за соработка, идеи и нови проекти во нивните сфери на работење.