Во општината Ѓорче Петров , децата со посебни потреби во основните училишта добија четиричасовна асистенција во текот на наставниот ден.  Во текот на целата работна недела, 15 лични асистенти, ќе им помагаат на учениците полесно да се движат низ училиштата, ќе нудат помош при користење на материјалот во текот на наставата и при извршување на сите училишни обврски. Асистентите, се очекува да им го олеснат процесот на интеграција и да остварат подобар успех при совладување на наставниот материјал, како и зголемување на свесноста на другите ученици за потребите на децата со попречености. Меѓудругото , образовните асистенти ќе има помогнат на децата со посебни потреби во прилагодување на наставната содржина во соработка со наставниcite, согласно индивидуалните образовни потреби на ученикот, подготвување на материјали за учење, насочување на вниманието во текот на часот, со цел усвојување на предвидената содржина, манипулативни активности  како пишување, цртање, сечење, моделирање доколку е потребно и  одржување на комуникација и социјална интеракција меѓу ученикот и соучениците. Проектот започна на 2 октомври и ќе трае до крајот на учебната година, а асистентите што ќе работат на проектот ќе примаат месечен надоместок од 6.200 денари. Во општината Ѓорче Петров беше организирана неколкудневна обука на асистентите за запознавање со децата, наставниот кадар, училиштето и опкружувањето. Проектот „Образование без пречки“  го спроведува општината Ѓорче Петров , во соработка со УНДП и Агенцијата за вработување, а се имплементира во сите шест основни општински училишта.

ЈУ-БАЈ Скопје започна со асфалтирање на центарот на селото Кучково, Општина Ѓорче Петров. Асфалтен слој ќе се нанесе на над 800м2 со што сосема ќе се измени ликот на центарот на Кучково. Средствата во висина од  650 илјади денари се обезбедени од општинскиот буџет. Мештаните задоволни и со позитивни коментари за реализирањето на проектот кој во целост ќе го измени центарот на селото.

Во 2004 година , заради неисправна инсталација, се опожари стариот Дом за култура во селото Кучково ,Општина Ѓорче Петров. Општината и градоначалникот Сокол Митровски им ветија нов Дом на граѓаните и денес тоа е реализирано. Од темел се изгради нов објект за потребите на селото кој ќе има повеќе намени. Во 217 м2 сместени се простории за амбуланта, канцеларија за месната заедница, два тоалети , чајна кујна и повеќе од 100м2 зафаќа новата сала за состаноци.

По барање на граѓаните, а со цел да се изнајде решеније за поголема сигурност на децата кои учат во ООУ „ Мирче Ацев“ и секојдневно мораат да ја поминуваат улицата, градот Скопје и Општината Ѓорче Петров интервенира во поставување на технички средства за успорување на сообраќајот за поголема сигурност за своите децата. На улицата „ Борис сарафов“ (некогашна 4-ти Јули) изведен е сообраќаен проект со поставување на технички средства за смирување на сообраќајот и поставени се нови сообраќајни знаци за предупредување и известување за сите учесници во сообраќајот дека во близина има училиште.

Во рамки на проектот „Учење преку работа“  (Learning by doing)  преку програмата на Европската унија  „Еразмус“  во ООУ „Мирче Ацев“  се одржа третата работна средба меѓу преставници на двата проектни партнери општината Ѓорче Петров и општината Разлог.  Проектот е насочен кон промовирање на нови пристапи на учење и можност за поефикасна едукација на децата за користење на опрема и помагала за соларната енергија.