Во ООУ “Мирче Ацев” се изврши комплетна промена на внатрешното осветлување . Старото и дотраено осветлување е замено со ново лед осветлување и со тоа се реши уште еден проблем во училиштето. Променети се повеќе од 200 лед светилки. „За да ги подобриме стандардите за настава во нашето училиште, презедовме повеќе чекори со кои ги отстранивме постојните недостатоци. Во сите училници поставено е ново најсовремено осветлување (лед-светилки), што ќе овозможи и во втората смена училниците да бидат осветлени како и при дневна светлина.

По повод 11 Октомври Денот на народното востание во Р.Македонија делегација на општината Ѓорче Петров, предводена од Градоначалникот Сокол Митровски положи свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци на НОАВМ во реонскиот парк во општината. На свеченоста цвеќе положија и преставници од Советот на Општина Ѓорче Петров, Здруженија на борци и пензионери, преставници од политичките партии, училиштата, градинката  како и многу други јавни институции и граѓани од општината.

Третата обука од проектот „Учење преку работa“ финансиран преку програмата Еразмус плус на Европската унија успешно се реализираше во општината Ѓорче Петров  и помина во одлична работна атмосфера каде беа промовирани нови пристапи на учење и можност за поефикасна едукација на децата за користење на ново набавената опрема за соларната енергија. Наставниот кадар од основните училишта во општината ,во следниот период ќе имаат можност за практична имплементација на стекнатото знаење за обновливите извори на енергија на училишните часови.

По повод 11 Октомври – Ден на народното востание, делегација од општината Ѓорче Петров предводена од Градоначалникот Сокол Митровски утре (Вторник) во 11 часот во реонскиот парк вбо Ѓорче Петров, ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци на НОАВМ. На свеченоста цвеќе ќе положат и преставници од Советот на Општина Ѓорче Петров, Здруженија на борци и пензионери, преставници од политичките партии, основните училишта и градинката „Росица“  како и други јавни институции и граѓани од општината.

Градоначалникот на Општината Ѓорче Петров, денес се сретна со заменик градоначалникот на збратимената општина Кушадаси, Р.Турција, г-ѓа Ајше Шерифоглу. Заменик – градоначалничката, г-ѓа Шерифоглу,  го изрази своето задоволство од посетата на Општина Ѓорче Петров, но и желбата за продлабочување и понатамошна успешна соработка помеѓу двете општини  во повеќе области.