Со одстранување на старата и поставување на нова асфална подлога,  заврши целосната реконструкција на улицата „Браќа Чакреви“ во општината Ѓорче Петров. Реконструкцијата опфати промена на коловозот, изградени се нови тротоарите со широчина од 1,5 метри, а изведена е и нова атмосферска канализација со широчина на цевките од 250 мм. Поставено е и ново улично осветлување. Улицата е со должина од 330 метри и широчина од 6 метри. Работите ги изведуваше АД „Карпош“ Скопје. Средствата за реализација на проектот во висина од 10,8 милиони денари ги обезбеди Министерството за транспорт и врски и општината Ѓорче Петров.

Со химната на Р. Македонија и Панихида со која чиноначалствуваа свештеници од храмот св Петар и Павле на споменикот на паднатите бранители од конфликтот во 2001 година, погигнат во центарот на с. Волково, а во чест на Ивица Златевски, Томе Димоски, Раде Јанковски и Ацо Ангеловски, започна чествувањето на 16 годишнината од погибието на четворицата ѓорчепетровци кои своите животи ги дадоа за Македонија и нејзината сувереност.

Денес, во општинска сала за состаноци се одржа вонреден состанок каде на дневен ред се најдоа актуелните пожари во општинскиот атар каде што изминативе денови на неколкупати избувнуваат пожари. На состанокот со кој раководеше Градоначалникот Сокол Митровски  присуствуваа претседателите на Месните и Урбани заедници, преставник од РЦУК –Карпош и командирот на ПС „Ѓорче Петров. „Поради високите  температури се зголемува и опасноста од настанување на шумски пожари на отворен простор, а ваквата состојба наложува поголема будност и мобилност на сите граѓани и субјекти во заштитата од пожари. Апелирам до граѓаните  да се вклучат во гаснење на пожарите, а претседателите на МЗ и УЗ да ја подобрат организациска поставеност на својата територија, а тоа значи да земат и самите граѓани активно учество во гаснењето на пожарите во рамките на своите можности, истакна градонаќалникот Митровски.

Голем пожар во атарот с.Никиштане зафати дабова и нискостеблеста шума кој може да се забележи уште од надвозникот во Ѓорче Петров. Противпожарни екипи со четири возила и цистерни од ЈП „Водовод и канализација“ се на лице место  и будно се следи состојбата. На терен уште од попладневните часови е и Градоначалникот Сокол Митровски, а исто така присутни се и екипи на ЕВН кои ја следат состојбата со напојување на струја во другите делови од руралниот дел на општината, Волково и Орман која во моментов е стабилизирана.