Градоначалникот на општината Ѓорче Петров Сокол  Митровски традиционално ги посети штитениците во Центарот за лица со пречки во развојот во населбата Волково. За нив беа обезбедени 45 новогодишни подароци кои искрено ги израдуваа 45 штитеници на овој центар кој успешно го раководи НВО„ Порака“ од Неготино. Овој центар доби сосема нов лик.

Денес,  Градоначалникот на општината Ѓорче Петров ги прими семејствата на загинатите бранители од 2001 година по повод новогодишните празници и на секое семејство им подели новогодишни подароци. Со овој скромен гест општината настојува да им ги разубави празниците на најмладите . Семејствата на бранителите често се почесни гости на градоначалникот Митровски  и се уважени посетители на  сите културни манифестации кои ги организира општинската администрација.

На 26.12.2016 (понеделник), во просториите на општина Ѓорче Петров беа извлечени добитниците на наградите од наградната игра „ Рециклираме и се наградуваме”.

Општина Ѓорче Петров, изврши целосна исплата на парична помош на лицата од подрачјето на општината зафатени со поплавите кои се случија на 6 август годинава.  Финансиските средства во вредност од  денари ги обезбеди Владата на Р. Македонија. Општинската комисија за процена на штети од невремето на 8 август посети вкупно 140 домаќинства, а за секое од нив е направен записник со проценка на штета и истите беа доставени до надлежните институции за надомест на штета.

Во рамки на проектот „Учење преку работа“  (Learning by doing)  преку програмата на Европската унија  „Еразмус“  во општината Разлог- Бугарија се одржа втората работна средба меѓу преставници на двата проектни партнери општината Ѓорче Петров и општината Разлог.  Според агендата на втората работна средба се разговараше за напредокот на проектот , усвојување на техничката документација за опремата за соларен модул, одредување на дизајн на веб страната, лого на проектот , постери, одредување на прирачниците како и содржина на документот за стратешко партнерство.