Вешерта на бадник општинската механизација работеше на расчистување на патото од с. Волково кон с. Кучково и манастирот св Ѓорѓија. Булдужер гасеничар го пробиваше патот на кој покрај 50 сантиметри снег имаше и наноси од снег од по еден метар. Со расчистување на патот се започна на 5 –ти јануари а, а работите завршија на 7-ми јануари 2017 година. Општинските комуналните работници исфрлија на патот , долг 8 колометри повеќе од 15 тона сол и песок. Исто така се пробиени и патиштата кон селата Никиштани и Грачани. Механизацијата „ Улици и патишта“ исто така цела ноќработеше на расчистување на главните сообраќајници во општината така да во раните утрински часови учесниците во сообраќајот не наидоа на поголеми проблеми. Општинскиот кризен штаб секојдневно заседава и будно ја следи состојбата на терен.

На 6-ти јануари  Храмот св. Петар и Павле и општината Ѓорче Петров, ќе го организираат бадниковиот оган во дворот на црквата. За оваа централна прослава се обезбедени дрва, храна и пијалок.  Свечената црковна служба ќе започне во 18 часот со палење на бадниковиот оган. Општината и црквата по шести пат годинава централно го прославува Бадник. Денес, со собирање околу коледарските огнови на многу места низ општината граѓаните ќе го почнат празнувањето на Бадник и големиот празник Рождество Христово- Божиќ. Општината Ѓорче Петров не доделува дрва за маалските прослави на Бадник туку средствата ќе ги пренамени за помош на социјално загрозени семејства. 

 

Неколку сантиметри снег не ги изненади службите во општината Ѓорче Петров. Уште во раните утрински часови сите важни сообраќајници беа исчистени и исфрлени се сол и песок со што сообраќајот се одвива без застој во сите делови од општината. Исто така се интервенираше на патот кон селото Кучково и манастирот св.Ѓоргија и кон селото Никиштане. Воедно се расчистуваат и собирните улици во општината со што ќе се овозможи нормална комуникација и непречено движење на автомобилите. Преставници од Општинскиот кризен штаб се на терен и будно ја следат состојбата. Општинските комунални служби имаат доволно количество сол и песок за да можат навремено да интервенираат на сите критични места.

Се информираат граѓаните на општината Ѓорче Петров кои имаат поднесено Барања за легализирање на бесправно изградените објекти во 2011 година година дека Секторот за Урбанизам на општината ќе работи за прием на елаборати и на 31 декември , Сабота, до 14 часот.

Општината Ѓорче Петров во соработка со компанијата „ Елколект“ ја спроведува акцијата  „Рециклираме и се наградуваме“  за подигање на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на електронски отпад. Едномесечната наградна игра на „Елколект“ која започна на 28 –ми Ноември 2016 година,   а заврши токму во празничниот период во времети за дарувањеги доби тројцата  најсреќни добитници на правосмукалка, телевизор и лаптоп. На 26.12.2016 (понеделник), во просториите на општина Ѓорче Петров беа извлечени добитниците на наградите од наградната игра „ Рециклираме и се наградуваме” ,а извлекувањето беше под надзор на тричлена комисија составена од два члена од Општината и еден член од Елколект.