За основните училишта и градинки во општината Ѓорче Петров уште пред недела дена е извршен дотур на 83 илјади литри гориво за греење. Обезбедени се училиштата „ Јоаким Крчовски„ „Мирче Ацев”, Страшо Пинџур”, „Ѓорче Петров” и „ Димитар Поп Георгиев Беровски”, Јоаким Крчовски и во сите клонови на градинките „Росица”. Во ООУ „Тихомир Милошевски“ во  Ново село се уште се во употреба котли за чие загревање се користи огревно дрво и истото е веќе обезбедено во јуни месец во количина од 137 кубни метра дрва.

Вработените од Скопски Плански Регион , предводени од раководителот Розета Арсовска беа во посета на Градоначалникот на Општината Ѓорче Петров Сокол Митровски кој воедно ја врши и функцијата Председател на Скопски Плански Регион. На средбата се разговараше за реализираното до сега и за проектите кои треба во иднина да се реализираат на ниво на регионот. Воедно, Арсовска се заблагодари за безрезервната поддршка од досегашниот Председател на С.П.Р. Митровски и за неуморната работа на терен, секогаш кога за тоа ќе имало потреба.

Градежниците од АД „ Карпош“ Скопје работат на асфалтирање на улицата „Анастас Коцарев“ во Општината Ѓорче Петров. Споменатата улица, со должина од 275 метри и чирочина од 6 метри, комплетно ќе биде реконструирана со поставување на нова тампонска подлога, нов асфалтен слој, а ќе бидат поставени и нови ивичници.

1.    Реконструкција и рехабилитација на  седум (7) улици во урбаниот дел на Општината Алекса Демниевски,  Новопроектирана2 полукружна, Пробиштипска, Знеполе, Браќа Чакреви, Гостиварска и Анастас Коцарев;
2.    Реконструкција на 30 улици  во Руралниот дел на Општината( од  последиците  од оштетувања од поплавите) во Стопански двор  Кисела Јабука и с. Волково;
3.    Тековно одржување на водоводна мрежа во с. Кучково.
4.    Тековно одржување на улично осветлување.
5.    Тековно крпење на ударни асфалтни дупки на сообраќајници.
6.    Реконструкција на МЗ во с. Кучково.
7.    Изградба на фекална канализација во с. Волково и Кисела Јабука канализ ( краци на ул  100  во Стопански Двор краци на ул. 52 ).
8.    Реновирање на делови од ООУ , спортски сали, кровни конструкции, санитарни чворови (ООУ Димитар Поп Георгиев Беровски, ООУ Тихомир Милошевски, ООУ Ѓорче Петров, ООУ Страшо Пинџур, Градинка ,, Кокиче,,;
9.    Асфалтирање на улици во Руралниот дел на Општината ул. 59, ул. 61 во с. Волково;
10.    Асфалтирање на улици во урбаниот дел на Општината ул. Црногорска2 со краци 4, 6, 8, 10 и 12.

11. Изработка на Детални урбанистички планови:СЗ 02, СЗ14, СЗ20, СЗ06 и УПС Новосело и Волково

Во ООУ “Мирче Ацев” се изврши комплетна промена на внатрешното осветлување . Старото и дотраено осветлување е замено со ново лед осветлување и со тоа се реши уште еден проблем во училиштето. Променети се повеќе од 200 лед светилки. „За да ги подобриме стандардите за настава во нашето училиште, презедовме повеќе чекори со кои ги отстранивме постојните недостатоци. Во сите училници поставено е ново најсовремено осветлување (лед-светилки), што ќе овозможи и во втората смена училниците да бидат осветлени како и при дневна светлина.