Во ООУ „Димитар П.Георгиев- Беровски” се одржа општински натпревар по физика на кој учествуваа 38 ученици од 8 и 9 одделение на кој повеќето од учесниците се пласираа за регионален натпревар. Организаторот на натпреварот ООУ „Димитар П.Георгиев- Беровски“, на чело со директорката Јасмина Костадиновска. на учесниците им овозможи срдечен пречек и пријатни натпреварувачки моменти, почестени со гостопримство и релаксирачка атмосфера.

Целосно се завршени сите градежни работи на улицата„2“ која поминува покрај новата полициска и противпожарна зграда во општината Ѓорче Петров. Улицата е широка 6 метри  и должина од 160 метри . Изведени се и тротоари од двете страни на улицата и тоа од страната на полициската зграда со широчина од 2метри а од страната која гледа кон паркот тротоарот е широк 1,5 метри. Изградена е нова атмосферска канализација и поставено е и ново улично осветлување.

Општината Ѓорче Петров ќе започне со замена и поправка на оштетени делови на реквизити од  днаесеттина  детски игралишта кои се изградени на територијата на целата општина. Ќе бидат заменети седалата од лулашките и ќе се поправаат и останатите реквизити. Вакви мерки општината превзема секоја година со зголемување на температирите ,а најпрвин се интервенира во Реонскиот парк кој преполн со дечиња и нивните родители, баби и дедовци кои ги ност своите најмили да се  рекреираат во паркот штом се покачат временските температури.

 

Одржана работилница на тема „ „Трговија со луѓе„ во врска со проектот „Безбедни училишта“, во ООУ „Тихомир Милошевски

Денес, во ООУ „ Тихомир Милошевски“ се одржа предавање за трговија со луѓе каде учениците беа запознаени со појавата на трговија на луѓе , односно со трговија на деца. На предавањето беше кажано дека луѓето од дисфункционални семејства и оние кои се во тешка економска состојба, лесно може да бидат измамени, со ветување дека во странство ќе им се обезбеди подобар живот. Предавачите од ПСОН „Ѓорче Петров“ , им порачаа на учениците дека во секојдневниот живот треба да внимаваат за да не бидат жртви на трговија со луѓе, потенцирајќи дека тоа преставува сериозно кривично дело.

 Решенија за еднократна парична помош во висина од 5000 денари им се доделени на сите родители  кои имаат новороденче и се жители на општината Ѓорче Петров. Одлуката за еднократна парична помош по иницијатива на Претседателот на советот на општината, Гоце Петрески,  ја донесе Советот на општината Ѓорче Петров и стапи во сила на почетокот од 2016 година. За една година доделивме 286 ваучери, што говори дека нашата цел се исполнува. Тоа е да ги стимулираме семејствата сериозно да размислуваат и да се одлучат за зголемување на бројот на дечиња, но истовремено и да им помогнеме на овие семејствата со скромни средства кои сигурно им се и повеќе од потребни.