Решенија за еднократна парична помош во висина од 5000 денари им се доделени на сите родители  кои имаат новороденче и се жители на општината Ѓорче Петров. Одлуката за еднократна парична помош по иницијатива на Претседателот на советот на општината, Гоце Петрески,  ја донесе Советот на општината Ѓорче Петров и стапи во сила на почетокот од 2016 година. За една година доделивме 286 ваучери, што говори дека нашата цел се исполнува. Тоа е да ги стимулираме семејствата сериозно да размислуваат и да се одлучат за зголемување на бројот на дечиња, но истовремено и да им помогнеме на овие семејствата со скромни средства кои сигурно им се и повеќе од потребни.

 Александра Илиевска, Наташа Донева,, Љубинка Митовска, Снежа Атанасовска, Душка Корицинска и Ружа Зврлеска се шестте хумани жени волонтерки кои од понеделник до петок се грижат повеќе од 150 корисници подготвувај  топол оброк во ѓаконијата во црквата св Петар и Павле , општина Ѓорче Петров. Оваа е единствената ѓаконија во Скопје која сеуште успева, со помош на донации од граѓаните и институциите, да функционира. За да им помогне во реализирање на оваа хумана работа градоначалникот Сокол Митровски донесе одлука да им се доделат бесплатни годишни автобуски билети.

Училиштето „Димитар Беровски“ се вклучи во хуманитарно еколошка акција „Едно капаче - Една надеж" чија главна и единствена цел е да се собираат што е можно повеќе пластични капачиња. Во холот на училиштето е поставена кутија каде учениците секојдневно оставаат капачиња и ја покажуваат својата хуманост. Капачињата се испраќаат во Турција каде се рециклираат и за количина од 250 килограми се добива една инвалидска количка која ќе се донира на семејство кое има потреба од истата, а нема финансиска можност самостојно да ја обезбеди. Акцијата е започната од страна на Македонска Медицинска Студентска Асоцијација - ММСА. Апелираме до сите фирми, претпријатија, продавници, ресторанти од општината да се вклучат во акцијата и да помогнат на ученикот на кој му е навистина потребно.

 По пожарот кој се случи во неделата, вечерта околу 22 часот (12.02.2017), во влезот на зградата бр.40 /4 на ул. Лука Геров во населбата Даме Груев , општинарите излегоа на терен со свои екипи во расчистување на опожарените станови, а градоначалникот Митровски во својот кабинет прими претставници од оштетените станари од зградата, кои побараа општината да им помогне во рамките на своите можности со бојадисување на главниот влез, промена на стаклата во влезот, чистење и санација на фасадата на зградата и други поситни интевенции.

Поволните временски услови придонесоа стотици гости од целата скопска околија да присуствуваат на централната  прослава на верскиот празник Св.Трифун во селото Кучково, општина Ѓорче Петров. На овој ден се реже лозјето и се попрскува со осветена вода, во која има лозови гранчиња. По повод празникот, свештеници од МПЦ, Скопска Епархија, одржаа свечена служба и ги зарежаа лозите во манастирот посветен на заштитникот на лозјата и овошките  св.Трифун кој живеел во првата половина од третиот век.