Во основните училишта во Општина Ѓорче Петров во тек е Конкурс  за доделување награди, дипломи и пофалници на учениците и просветните работници  кои се доделуваат за особени постигнувања и постигнати успешни резултати во образованието. На крајот од учебната година (10 јуни 2017 г) ќе биде прогласен првенец на генерација на Општина Ѓорче Петров за основно образование кој ќе биде награден со плакета и награда ( часовник,компјутер, лаптоп или слично) во вредност од 10.000 денари.

Деновиве се работи на асфалтирање на четири крака од улицата „51“ во населбата Стопански двор, општина Ѓорче Петров. Тоа се краците 1, 2, 3 и 4 со вкупна должина од 620 метри и широчина од 4 метри. Предходно на истите беше поставена фекална канализација со што е решен долгогодишниот проблем на граѓаните кои предходно мораа да користат септички јами кои како такви претставуваа потенцијален извор на зарази.

По големиот успех во финалето на општинската одбојкарска лига младите одбојкарки од ООУ „Мирче Ацев“  беа примени од првиот човек на општината Ѓорче Петров, Сокол Митровски кој им додели дипломи за постигнат успех и им посака и во иднина да постигнуваат одлични резултати, натпреварувајќи се во регионалните и државни натпреварувања.

Во Ѓорче спортот се добива со срце на терен. Младите надежни одбојкарки од двата тима играа со желба за победа,  исто толку голема за да докажат дека големото срце, борбеноста, тимската игра и публиката која спортски навиваше се атрибутите кои го красат спортскиот натпреварувачки дух на Ѓорче Петров. Прекрасната навивачка атмосфера во уште понеизвесното финале  во одбојка за девојки од 9-то одделение и помали придонесе за громогласнен  аплауз од бројната публика која ги следеше финалните натпревари во рамките на училишната лига во Ѓорче Петров.

Во чест на македонскиот револуционер Димитар Поп Георгиев Беровски денес традиционално се одбележаа 58 години од постоењето на училиштето.
По овој повод, училиштето имаше организирано многубројни активности во текот нацелата  недела во кои учествуваа ученици од различна возраст. Рецитаторски настапи, драма, фолклорна група, музички изведби и сл. беа само дел од богатата програма што ја понуди училиштето.