Денес, 02.12.2016 (вторник), во просториите на општина Ѓорче Петров се одржа редовeн состанок за зимско одржување на локалните патишта и улици на територијата на општина Ѓорче Петров. Градоначалникот Сокол Митровски и членовите од Кризниот штаб разговараа за навремено дејствување и преземање превентивни мерки за зимско одржување на локалните патишта и улици на територијата на Општината, при што е констатирано дека општината е подготвена со сол и механизација да интервенира во расчистување на улиците и јавните површини во случај на врнежи од снег, а склучени се и договори со приватни фирми кои располагаат со механизација за справување со снегот.

 

Новоизградените подулици „3“, „4“ и „5“ кои гравитираат на  улицата „Алекса Демниевски“ се целосно завршени. Должината на улиците изнесува 501 метар, а истите се широки 6,30метри. Изградени се и тротоари од двете страни на улиците и изведена е атмосферска канализација. Исто така поставено е ново улично осветлување на трите улици.  За овој проект општината од својот буџет одвои 10.5 милиони денари.

Пошумувањето во општината Ѓорче Петров стана традиција која ги мобилизира граѓаните и ја подига свеста за заштита на природата. Под мотото „За зелено Ѓорче-засади ја својата иднина“ Денот на дрвото и годинава беше одбележан во општината Ѓорче Петров. Се садеше покрај булеварите во Ѓорче Петров, во стопански објекти,основните училишта, по месни и урбани заедници. Акцијата продолжи и денес на локацијата на село Кучково.

Под мотото „ За зелено Ѓорче-засади ја својата иднина “  денес , Градоначалникот Сокол Митровски заедно со вработените од општината по улицата „Партизански одреди“ засадија  над  50 садници платан (platanus acerifolija).

Се известуваат вработените на општината Ѓорче Петров, дека 30.11.2016 година, (Среда) e прогласен за „Денот на дрвото-засади ја својата иднина“. Вработените во општинската администрација за „Денот на дрвот“ 30.11.2016 година, во 09.30 часот треба да засадат дрва на локацијата Бул. „Партизански одреди“ (кај пазарчето во Ѓорче Петров). Поради спроведување на есенската акција „Ден на дрвото“ 30 Ноември е неработен ден за граѓаните на Република Македонија, а истиот ќе биде дополнително одработен за што вработените благовремено ќе бидат известени.