Во периодот од 29 до 31 мај 2017 година, младите ѓорчепетровци од основните училишта во општината, заедно со своите наставници-ментори по шести пат ќе бидат дел од манифестацијата „ Денови на електротехниката 2017” . Овој настан на кој учествуваат учениците од основните училишта од општините на територијата на Град Скопје, го организира средното техничко училиште на Град Скопје „ Михајло Пупин” под мотото „ Манифестација посветена на младите вљубеници во природните науки” .

 

Секоја година, градинката „Росица” за своите дечиња од предучилишна возраст подготвува различни манифестации по повод нивното заминување во училишните клупи. Оваа година градинката „Росица” подготвува изненадување за дечињата на возраст од пет до шест години кои на еден навистина креативен начин наскоро ќе се збогуваат со градинката и ќе тргнат на училиште.

Малата Теодора сребрената медала ја освои на државниот натпревар  кој се одржа во просториите на  Природно-математичкиот факултет во Скопје. Менторот на Маркушевска, наставничката Ели Атанасовска Стојановска за својот штитеник кажа: Теодора е навистина заљубена во природните науки. Секогаш е внимателна на часовите, се труди повеќе од другите навремено да го совлада материјалот и очигледна е и љубовта кон природните науки кои кај неа побудуваат посебни интересирање.

Дождот кој непрестано паѓаше ги спречи играорците од КУД „ Глигор Прличев“, КУД „ Лилјан“ од Скопје и КУД „Истанбул“ од истоимениот турски град да се претстават пред поголем аудиториум. Концертот кој беше планиран да се одржи во реонскиот парк беше одржан во Центарот за култура-Ѓорче Петров кој со својот капацитет од 220 седишта ни од далеку не ги задоволи потребите на оние кои сакаа да го проследат овој фолклорен мини фестивал.

Улици кои за време на дожд и снег беа тешко проодни и преставуваа проблем за жителите на дел од населбата „Дексион“, Општина ЃорчеПетров, веќе се минато. Асфалтирањето на шесте крака на улицата „Црногорска 2“, проектот, кој заеднички го реализираат градот Скопје и Општината Ѓорче Петров, на жителите од овој дел на општината ќе им овозможи современи услови за живот но и побрза комуникација со останатиот дел од населбата и градот Скопје.