Со одстранување на старата асфална подлога започна целосната реконструкција на улицата „ Браќа Чакреви“ во општината Ѓорче Петров. Реконструкцијата ќе опфати промена на коловозот, целосно ќе се реконструираат тротоарите со широчина од 1,5 метри, а ќе биде изведена и нова атмосферска канализација со широчина на цевките од 250 мм. Во проектот е планирано и поставување  на новото улично осветлување. Улицата е со должина од 330 метри и широчина од 6 метри.

Врз основа на член 18 од Правилникот за доделување награди, дипломи и пофалници на учениците и просветните  работници во општинските основни училишта во Општина Ѓорче Петров, (Службен гласник на Општина Ѓорче Петров бр. 5/2016), Комисијата за образование, наука, социјална, здравствена заштита и заштита на деца при Советот на Општина Ѓорче Петров објавува:

КОНКУРС
доделување награди, дипломи и пофалници на учениците и просветните  работници во општинските основни училишта во Општина Ѓорче Петров

Наградите, дипломите и пофалниците се доделуваат на учениците и просветните работници поединечно и групно за особени постигнувања и успешни резултати во воспитно-образовната дејност.

Ученикот Блаже Суклевски од 8 одд. од ООУ „Тихомир Милошевски“ од општината Ѓорче Петров под менторство на наставничката Анкица Спасова освоија прва награда на државниот натпревар по математика кој се одржа на Факултетот за Туризам и угостителство во Охрид. Ова беше нов предизвик за осмодделенецот Блаже Суклевски кој покажа убедливо најдобри резултати пред неговите врсници. Овој млад математичар и досега се закитувал со медали од општински, регионални и државни натпревари. Со титулата најдобар математичар само ја докажа својата супериорност во познавање на оваа природна наука. Следното натпреварување на кое ќе учетвува Блаже ќе биде на Јуниорската македонска математичка олимпијада.

 

 

Започна комплетната реконсрукција на културниот дом во селото Кучково, општина Ѓорче Петров. Обнова на домот ќе опфати поставување на армирани бетонски платна во подрумскиот дел, изработени се нови нисечки столбови, а деновиве ќе започнат работите на новата кровна конструкција. Се планира на целосната обнова да се работи наредниве 90 дена. Ќе бидат изградени: канцеларија за месната заедница, сала за одржување на културни настани и средби на граѓаните и ќе се изградат нови санитарни чворови. Ќе бидат поставени нови ПВЦ прозори и врати и енергетско ефикасна фасада. 

По повод патронот во присуство на голем број родители, ученици и претставници од Општина Ѓорче Петров, Градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Сокол Митровски, академскиот склулптор, Сокол Цфарку и Директорот на ОУ Мирче Ацев, Гоце Боцевски свечено ја открија бистата на македонскиот великан и патрон на училиштето, Мирче Ацев.