На повеќе локации во општина Ѓорче Петров се спроведува голема акција за собирање смет. Се чистат депонии кај фабриката “Адинг”, во Кучково, кај ООУ “Јоаким Крчоски”, во Ново Село, под обиколницата и на други локации. Подигнато е повеќе од шест камиони шут, кабаст материјал и смет.

 Во новоадаптираниот простор во Центарот за култура “Ѓорче Петров” првпат се слушна судбоносното да на првиот пар од трите закажани за венчавање во четврток, 7 декември 2017 година.

Заради отстранување на дефект на далеководи за пренос на електричната енергија кон селата Никиштане и Орман, ЕВН – Скопје, со предходно поднесено писмено брање до „Македонски шуми“, како надлежни за издавање дозволи за сеча на дрва во руралните делови, отстрани зимзелени и листопадни дрва во близина на ООУ „ Јоаким Крчоски” во општината Ѓорче Петров кои претставуваа потенцијална опасност за далеководите кои поминуваат на овој потег.

 

Во соработка со Националниот совет за родова рамноправност во просториите на општина Ѓорче Петров се одржа работен состанок за семејно насилство. Присутни беа членови на администрацијата на локалната самоуправа, Советот, членови на Комисија за труд и социјална политика на општината, директори на училишта, претставници на невладини организации, како и надворешни соработници кои делуваат во оваа сфера. Дебатата е по повод 16 дена активизам против семејното насилство, а како продолжение на претходна соработка потпишана со меморандум меѓу Националниот совет и  Ѓорче Петров.

Спортшоп Мак од Скопје за ракометниот клуб “Ѓорче Петров” од истоимената општина денеска донираше дваесет и еден пар машки тренерки  во вредност од 42.000 денари. Домаќин и посредник за овој настан и соработка да се случи е градоначалникот, Александар Наумоски. Во својот кабинет тој ги пречека претставниците на двете страни, каде нагласи дека силно ќе се заложи во иднина спортот да се унапреди во интерес на граѓаните и пред се, младата популација.