• Изработен е акционен план за животна средина - ЛЕАП. Документ во кој за прв пат на едно место се индентификуваат еколошките проблеми и ги креира целите, задачите и акциите за нивно остранување и создава нови можности за водење на полииката за заштита на животната средина во Општина Ѓорче Петров.

• Беше организирана акција за чистење на Кејот на р. Вардар од железничкиот мост кај Сарај до местото викано Хромски талси т.е., стариот мост во Хром. При што се остранети 1500м3 шут.

• Извршено е расчистување на дел од крајбрежјето на р. Лепенец во Новоселски и Волковски атар при што се отстранети 3-големи диви депонии (диви растенија, тополи, врби, грмушки, земја, фрлени апарати од домаќинствата и др.). Се со цел да се зачувува животната средина долж речното корито временски ангажиравме чуварска служба за обезбедување од неконтролирано фрлање на смет од несовесни граѓани.

• Во соработка со Министерството за труд и социјална политика ангажиравме невработени граѓани од 14 луѓе за одржување на чистотата на улиците во Општината.

• Исчистени се 5 диви депонии на улица: Ѓорче Петров; 4-ти Јули; Арсение Јовков и патот према с. Кучково.

• Временски се поставени 3-големи садови за отпад во реони каде што нема организирано собирање на истиот .

• Извршено е пошумување на 3 ха гола површини со црн бор и багрем (засадени се 4000 дрвца) во с. Волково околу стариот пат спрема с. Никиштани.

• Направен е проект и дадена е согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање за локација и изградба на депонија за инертен отпад - градежен шут покрај коритото на р. Лепенец во атарот на Ново Село . Која ќе има за цел :
     - Пополнување на огромните дупки од неконтролирана експлотација на крабрежјето на р. Лепенец (со песок и чакал).
     - Безбедно депонирање на градежниот шут.
     - Искористување на деградиран простор и негово рекултивирање.
     - Продолжување на векот на експлотација на санитарната депонија ,,ДРИСЛА’’.
     - Спречување на можноста за формирање на диви сметишта, со што индирекно ќе се избегне можноста од појава на заразни заболувања.

 Одбележани се деновите на пролета и денови на екологијата во Општината
     Општина Ѓорче Петров, зема активно учество во одбележување на деновите на пролета и денови на екологијата.
Нашата општина заедно со основните училишта и градинките, а потпомогнати од  МЖСПП, ЈП Комунална хигиена, ЈП Паркови и зеленило, АД. Просветно Дело, НВО Мултико, Полициската станица Ѓорче Петров, ОСЦЕ, и Радио Равел како медиумски покровител, успешно го одбележа првиот ден од манифестациата која започна на 21.03.2006 и ќе трае до  28.03.2006 година.