Екипите на зимската служба на општината Ѓорче Петров  интензивно работат на терен за расчистување на снегот од тротоарите на поважните сервисни улици и булевари во општината. Во текот на денешниот ден над 70 сезонските работници во општината Ѓорче Петров ќе го расчистуваат снегот и мразот на тротоарите со што би се олеснил приодот на пешаците.

Екипите 24 часа дежураат во случај на потреба од интервенции, а во наредниот период поголем акцент ќе се стави на расчистување на снегот и мразот по сервисните улици, а посебно оние кои водат до јавните објекти, училиштата и градинките. Општината апелира за голема внимателност во сообраќајот поради ниските температури бидејќи е можно појавување на голомразица на коловозот.