Денес, 24.01.2017година во просториите на општина Ѓорче Петров се одржа редовeн состанок за зимско одржување на локалните патишта и улици на територијата на општина Ѓорче Петров. Градоначалникот Сокол Митровски и членовите од Кризниот штаб разговараа за досегашното справување со снегот на подрачјето на општината Ѓорче Петров,  проблемите и недостатоците кои се појавиле во досегашното расчистување на снегот како и следни мерки и активности во случај на нови обилни снежни врнежи и голомразици.

Општината Ѓорче Петров фрли 75 тони сол низ улиците , чие одржување е во нејзина надлежност . По локалните патишта интервенираат соларки за чистење на снег, грејдер ,камион-кипер , булдужер , а веќе се формирани и екипи кои ќе дежураат 24 часа во случај на потреба од интервенции , особено за надвожникот и железничките премини Ново село и Волково,беше потенцирано на состанокот. Покрај фирмите „Анизор„, “Битем“ и ДГИ Билд –Инг од Скопје кои имаат склучено Договор за зимско одржување на локалните патишта и улици во општината, во справувањето со снежните наноси се ангажирани и сезонски работници, а на терен, без престан е излезен и кризниот штаб од општината.

Се расчистија и приодите околу градинките и училиштата, како и автобуските постојки каде вообичаено има повеќе луѓе. Екипите на зимската служба на општината се подготвени со доволно сол и за нови поголеми врнежи од снег. Тие ќе ја следат состојбата и понатаму и доколку се појави потреба ќе реагираат согласно со условите на теренот. Во месните и урбани заедници дополнително беа одржани состаноци за   активностите на граѓаните во престојната зимска сезона.

Општината е во постојана соработката со полицијата, дирекцијата за Заштита и спасување и Центарот за управување со кризи. Општина Ѓорче Петров апелира до граѓаните да го расчистат снегот пред своите дворови и влезовите на станбените згради, што е нивна законска обврска. Во наредниот период поголем акцент ќе се стави на расчистување на снегот и мразот по сервисните улици , а посебно оние кои водат до јавните објекти, училиштата и градинките.