Учениците од основните училишта во општина Ѓорче Петров, денес се вратија во училишните клупи за почетокот на второто полугодие од учебната 2016/2017 година. Расчистени се приодите околу градинките и училиштата, а директорите на основните училишта во општината се во постојана комуникација со надлежните од општината за досегашното справување со снегот во училишните дворови и пристапните патеки. Зимскиот распуст беше продолжен со два дополнителни наставни дена (18-ти и 20 јануари) за да се избегне опасноста од ширење на грипот по препораката од Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство.