На ден 10 .02 .2017 година во 17 часот ќе се одржи локална Тортијада на Град Скопје „Слатка Мистерија 2017“ во Хотел Континетал во 17 часот чиј домаќин е општината Гази Баба. Ги повикуваме сите заинтересирани Аматери- домаќинки кои имаат желба да ја покажат својата умешност во изработка на торти, и професионалци (слаткарници, ресторани,хотели )  кои ќе ја преставуваат општината Ѓорче Петров. Собраните сретства од продадените торти ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Сите заинтересирани да се пријават најдоцна до 27 Јануари на контакт телефон 02/20-39-307 и 20/44-411.

ПРАВИЛНИК ЗА УЧЕСТВО

Правила на учество:

1. Име на тортата

2. Тортите треба да бидат не помали од димензија 26cm

3.  Да имаат добра декорација (складност на боите и фигурите) тоа е една од главните причини на оценување.

4. Секој натпреварувач до жири комисијата треба да достави едно

    парче од филуваната торта (како би се оценил и квалитетот на тортите).

   - Доколку не може да се исече дел од филуваната торта како не би 

     се нарушила формата на тортата тогаш да се достави парче од пандишпанот и дел од филот.

5. Сите украси на тортата треба да бидат направени од прехрамбени продукти.

6. Составот и декорацијата на тортата се по слободен избор.

7. Секој кандидат ќе добие број на тортата што сам ќе го извлече со самото пристигнување на манифестацијата.

8. Секој кандидат својата торта треба да ја донесе најдоцна до 16ч. во Хотел Континентал на 10.02.2017г.

9. Своите податоци како и контакт телефонот натпреварувачот да ги достави до својот ментор во општината а истиот до организаторот најдоцна до 25.01.2016г.

   

Непочитување на овие правила ќе значи дисквалификација од натпреварот т.е. тортата ќе биде изложена и ќе биде дадена на лицитација само нема да има право на оценување.

 

Oвој правилник може да биде изменет во договор со менторите. Со Вашите идеи, предлози и мислења ќе придонесете за усовршување на манифестацијата како и повисок степен на професионалност.

 

ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА СОРАБОТКАТА