Градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Сокол Митровски и годинава традиционално ги посети жителите во пензионерскиот дом во Ѓорче Петров. По повод Новогодишните и Божиќните празници  им ги честита изминатите празници како и големиот верски празник Богојавление- Водици. Управителот на Пензионерскиот дом во Ѓорче Петров, Махир Дураку, му се заблагодари на градоначалникот Митровски и воедно ја истакна важноста на неговите посети за домот, но и за жителите како искрена почит која не ја добивале од ниеден друг градоначалник пред него.

„Митровски нè посетува секој празник. Со тоа покажува дека нè почитува и дека никогаш не нè заборава. Ние сме му за тоа искрено благодарни и свесни сме дека за сè што ни треба, тој е секогаш тука. “, истакна Дураку.            
„Како што старееш така времето сè побрзо ти поминува. Овде дружењето е најважниот дел од денот, а вниманието кон нас е сè поголемо – рече една од станарките во Домот. Градоначалникот Митровски потенцираше дека  општината и понатаму ќе продолжи да помага за подобрување на условите за живеење на овие стари лица.

Преселбата во овие домови понекогаш може да биде стресна, проследена со длабоки емоции, копнеж по минатото и несигурност за иднината и затоа целта на овој Дом за пензионери е да им се овозможи најдобра грижа и нега кога им е најмногу потребна, а Општината е таа која тоа го реализира. ”- истакна Митровски. Здравјето е најголемиот подарок за сите , особено за постарите лица , а во зимските услови треба поголема нега и одржување преку конзумирање на овошје и зеленчук, па градоначалникот Митровски им подари „ Нутрибулет“ и пакет овошки,  посакувајќи им добро здравје .