Денес, на празникот Водици ( Богојавление) голем број граѓани од општината Ѓорче Петров и пошироко присуствуваа на положувањето на Светиот крст во водите на реката Лепенец во с.Волково и во водите на реката Вардар кај Железничкиот мост.

На реката Лепенец, од 13те пријавени најбрзо до крстот стигна Александар Радушин од с. Волково.

 

На брегот на реката Вардар , каде што е вториот настан во општината, неколку илјади граѓани од двете општини Ѓорче Петров и Карпош, заеднички го прославија празникот, а свештениците од двете цркви Св Петар и Павле и Св. Пантелејмон одржаа служба на Железничкиот мост во населбата Хром. Ова заедничко прославување се случува по шести пат. 

На овој настан учество зедоа над 40 граѓани, а најбрзо до крстот , фрлeн во водите на Вардар стигна Марјан Чиликовски .

Општината, како покровител и на двата настани, за најсреќните обезбеди и пригодни подароци.

Нови кумови на најголемата верска манифестација , прославување на христијанскиот празник Богојавленије –Водици за наредната година се Претседателот на Советот на општината Ѓорче Петров, Гоце Петрески и Директорот на ООУ „Страшо Пинџур“ , Методи Наковски од општината Ѓорче Петров.

serotonin