Пошумувањето во општината Ѓорче Петров стана традиција која ги мобилизира граѓаните и ја подига свеста за заштита на природата. Под мотото „За зелено Ѓорче-засади ја својата иднина“ Денот на дрвото и годинава беше одбележан во општината Ѓорче Петров. Се садеше покрај булеварите во Ѓорче Петров, во стопански објекти,основните училишта, по месни и урбани заедници. Акцијата продолжи и денес на локацијата на село Кучково.

Временските услови не беа пречка и денес вработените да придонесат во создавањето на здрава и чиста животна средина за сегашните и идни генерации. Засадени беа 20.000 дрвца бел бор во околината на селото Кучково со што се разубавува околината на овој дел од општината.

Општината Ѓорче Петров и во иднина ќе продолжи да ги поддржува ваквите граѓански иницијативи ,се со цел да даде свој придонес во унапредување на животната средина.