Општината Ѓорче Петров во соработка со компанијата „ Елколект“ ја спроведува акцијата  „Рециклираме и се наградуваме“  за подигање на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на електронски отпад. Граѓаните кои имаат дотрајани , неупотребливи електрични апарати , компјутери, монитори, телевозори, правосмукалки својот опасен отпад може да го употребат за купон за учество во наградната игра. Потенцијален добитник на една од трите награди : Лап топ ХП, Телевиизор „Хундаи“ лед, и правосмикалка „Горење “ е секој полнолетен граѓанин кој за времетраење на наградната игра ќе достави електричен или електронски отпад , на локацијата каде е поставен препознатливиот црвен еко магацин на Елколект.

Во општината Ѓорче Петров,екомагацините на Елколект  се поставени во дворот на општината Ѓорче Петров и кај забавното игралиште пред мостот кон Волково ,а истиот може да биде оставен секоја сабота во неделата.За секој поединечен апарат , учесникот ќе добие по еден купон ,а пак одредени видови опрема како големи домашни апарати, опрема за информатичка технологија и телекомуникација ,електричен и електронски алат носат и по два купона.ЦЕлта на ваквата акција е подигање на јавната свест за начинот на кој треба да се складира овој вид на отпад, имајќи предвид дека електричниот и електронскиот отпад во себе има опасни материјали штетни за човекот, како и забраната да се фрла овој тип на отпад по контејнери на исто место со комуналниот отпад.Почеток на акцијата е 28-ми Ноември ,а извлекувањето на наградите е на 19-ти Декември .Резултатите од извлекувањето ќе бидат објавени на веб страните на Елколект  и општината Ѓорче Петров.