• Граѓаните на Ѓорче Петров, од 28ми ноември до 19ти декември, ќе учествуваат во акција за ослободување од опасниот отпад
  • Со оставање на старите и дотрајани електрични и електронски апарати во еко магацините на Елколект може да освоите лап топ, телевизор или правосмукалка
  • Еко магацините на Елколект во општина Ѓорче Петров се наоѓаат во  дворот на Општина и  кај забавното игралиште пред мостот кон Волково,  

Компанијата Елколект, во соработка со општините на територија на Република Македонија, каде се веќе поставени препознатливите црвени еко магицини на Елколект, востанови пракса за наградување на совесните граѓани кои одговорно се однесуваат со ослободувањето од  електричниот и електронски отпад, а во прилог на зачувување на животната околина и човековото здравје. По успехот на активностите меѓу кои и наградната игра реалзирана минатата година, во соработка со општина Битола, Елколект најавува акција за собирање на електричен и електронски отпад во општините Ѓорче Петров, Карпош, Берово, Гевгелија и Богданци.

"ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ" е името на новата наградна игра која Елколект ја организира во соработка со пет општини на територија на Република Македонија, со цел подигање на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на електричен и електронски отпад. 

Во скопската општина Ѓорче Петров, почеток на акцијата e на 28ми ноември, со извлекување на наградите на 19ти декември.

Награди: Лап топ HP, телевизор Hundai led smart и правосмукалка Горење

Потенцијален добитник на една од овие три награди е секој полнолетен граѓанин кој за времетраење на наградната игра, ќе достави електричен или електронски отпад, на локацијата каде е поставен еко магацинот на Елколект.

  

Во општина Ѓорче Петров, екомагацините на Елколект се поставени во  дворот на Општина и  кај забавното игралиште пред мостот кон Волково. Во тек на акцијата, граѓаните на општина Ѓорче Петров, својот опасен отпад може да го оставаат секоја сабота.

Граѓаните кои ќе го донесат својот електричен и електронски отпад до еко магацинот на Елколект во својата општина, добиваат купон за учество во наградната игра "ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ". Купонот во кој ќе се впише име и презиме на учесникот и реден број, е составен од два истоветни дела. Едниот дел на купонот го задржува учесникот како доказ за учество во наградата игра, а другиот дел од купонот се става во запечатена кутија од која ќе се врши извлекувањето на последниот ден од наградната игра. Резултатите од извлекувањата ќе бидат објавени на веб страната на Елколект www.elkolekt.mk и на веб странат ана вашата општина.

За секој поединечен оставен апарат, учесникот во наградната игра добива по еден купон. Со донесување на поголем број апарати се добива и соодветен број купони, при што се зголемува шансата за награда. Одредени видови опрема и апарти носат и по два купона: големи домашни апарати; опрема за информатичка технологија и телекомуникација; опрема за широка потрошувачка и забавна електроника, електричен и електронски алат. 

Поголемиот број на оставени некорисни и дотрајани апарати ја зголемува можноста за добивање на нов лап топ, телевизор или правосмукалка.

Сите граѓани кои имаат дотрајани, неупотребливи електрични апарати, компјутери, монитори, процесори и други апарати од домаќинството, кои ќе ги донесат на одредените локации во периодот на времетраење на оваа акција во нивната општина, имаат можност да се ослободат од опасниот отпад и да станат потенцијални добитници на награда. 

Компанијата Елколект во соработка со општа Ѓорче Петров ја спроведува оваа акција со наградување на совесните граѓани со цел подигање на јавната свест за начинот на кој треба да се складира овој вид на отпад, имајќи предвид дека електричниот и електронскиот отпад во себе има опасни материјали штетни по здравјето на човекот и непосредното животно опкружување, како и од причина што е забрането и казниво е да се фрла овој тип на отпад во контејнери, на исто место  со комуналниот отпад. 

Преку наградните игри и општествено одговорните активности организирани локално, компанијата Елколект  сака да се заблагодари на граѓаните кои својот опасен отпад го оставаат на  пропишаните места, а воедно да ги поттикне останатите на отстранување на опасниот отпад од своите домашни или деловни простории, потсетувајќи на неопходноста за зачувување на животната средина и човековото здравје. 

 

За Елколект

Елколект е лиценциран колективен постапувач, кој поседува дозвола за постапување со отпадна електрична и електронска опрема, и дозвола за постапување со отпадни батерии и акумулатори, издадена, издадени од Министерство за животна средина и просторно планирање. Примарна дејност на Елколект е управување со отпад од електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори. Основна цел на компанијата е да воспостави функционален систем за постапување со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори на начин кој нема да создава дополнителен товар на животната средина и животот и здравјето на граѓаните на Република Македонија.