Службите на Ѓорче Петров изминатиот период интензивно работеа на расчистување помали и поголеми депонии на територија на општината. Исчистена е голема количина насобран смет кај воениот отпад, до последната станица на автобусот со број “22”-Лепенец.  Се работеше и на други локации, односно во Хром и Дексион.

Исто така, на повик на граѓаните, службите веднаш излегоа на терен и на други помали локации. Во тој контекст, повторно ги повикуваме жителите на Ѓорче Петров да пријавуваат во општината вакви проблеми, како и евентуално неовластено депонирање, со што би можеле навремено да преземеме мерки.