Почитувани граѓани,
Општина Ѓорче Петров апелира за време на православните празници, во пресрет на Бадник и Божиќ, граѓаните да се воздржат од палењето на традиционалните бадникови огнови на отворено. Целта е да се сочува животната средина и да се заштити воздухот, особено по зголеменото загадување и зголемената концентрација на ПМ честичките во скопското подрачје во изминатиот период. Во врска со ова, предупредуваме дека палењето оган на јавни места е спротивно на член 14 од Законот за јавна чистота. Казната за истиот прекршок е 50 евра за физички лица. Оваа мерка на општина Ѓорче Петров е во координација со Градот Скопје, но и усогласена со градоначалниците на останатите општини.