Во Никиштане поставена е нова линија за улично осветлување во должина од 550 метри. Опфатена е комплетно нова мрежа (кабел, вандерми и сијалици), а локацијата е на самиот влез на селото.

Воедно, службите во овој дел од Ѓорче Петров извршија и санирање дупки на асфалт на два прекопи (50 метри квадратни). Инвестицијата е на општината и е извршена во најкус можен рок на барање на жителите за решавање на нивниот долгогодишен проблем.