Во посета на Центарот за помош на лица со ментален хендикеп “Порака”-Неготино лоциран во Волково, денеска беше градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.

На лицата кои се згрижени во овој центар, но и на оние кои го користат како дневен престој, Наумоски им подели новогодишни пакетчиња и им посака среќни празници. Градоначалникот ја искористи можноста и да поразговара со присутните, но да направи обиколка на центарот, кој речиси е целосно реновиран и нуди добри услови за сместување на лицата со хендикеп.

Истовремено, нагласи и дека како градоначалник им стои на располагање за идна соработка на повеќе проекти кои ќе допринесат за подобар живот на овие лица. За дел од тие проекти, за кои се очекува отпочнување на разговори во периодот што следува, беше дискутирано и при денешната посета на Наумоски на“Порака”.