Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски во својот кабинет оствари средба со сликарот и директор на галеријата “Остен”, Мице Јанкуловски. Познатиот автор кој има остварено 40 изложби во земјата и низ светот, и е добитник на многубројни домашни и меѓународни награди му го честиташе изборот на Наумоски за градоначалник на општината и му посака многу успеси, но и залагања во областа на културата кои ќе го покренат нивото на уметноста во овој дел од Скопје. Тој истовремено ги изнесе и своите идеи како да се заживее културата на ниво на општина.

Наумоски, пак, нагласи дека уметноста на “голема врата” е предвидено да се врати во општината. Тој и во својата програма наведе проекти кои се однесуваат на оваа сфера и на кои интензивно ќе се работи во иднина.
Формирање на театарско кабаре во Домот на културата во општината кое ќе го водат познати театарски актери е еден од проектите кои ќе бидат во фокусот. Исто така, веќе постои и заинтересираност да се изгради музеј на уметноста во кој ќе бидат депонирани повеќе од 13.000 уметнички дела за негово основање.

Воедно, Јанкуловски му подари на градоначалникот своја графичка мапа, која содржи десет графики, едиција “Светско културно наследство”.