Поранешниот претседател на македонското Собрание, Стојан Андов ја посети општина Ѓорче Петров, каде беше пречекан од градоначалникот Александар Наумоски. Основачот на Либералната партија на Македонија и долгогодишен политичар на македонската политичка сцена му го честиташе изборот за градоначалник на Наумоски, и истовремено му посака успех во годините што следуваат како прв човек на општината.

Двете страни на средбата разговараа и разменија искуства на повеќе актуелни општествени и политички теми. Наумоски, исто така, го запозна Андов со проектите кои се во тек, но и со оние кои во иднина ќе бидат имплементирани во општина Ѓорче Петров.