Во организација на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје беше одржана конференција за управување со квалитетот во јавниот сектор на која учествуваа претставници од општина Ѓорче Петров, а присуствуваше и градоначалникот Александар Наумоски. Без презентирани досегашните искуства од спроведување на моделите за управување со квалитетот во јавниот сектор и примена на европските алатки, меѓу кои стандардот ИСО 9001 и ЦАФ-моделот.



На настанот се обрати претставникот на општина Ѓорче Петров, Надица Мушијан и зборуваше во однос на искуствата во имплементацијата на ЦАФ моделот како заменик-координатор во имплементацијата и координатор за менаџмент со квалитет за проектот, воведување и одржување на систем за менаџмент со квалитет, согласно барањата на Стандардот ISO 9001:2015. Мушијан нагласи дека за управувањето со квалитет многу е важно да постои кохезија во градењето на интегритет, антикорупциската стратегија, ISO стандардите и примена на ЦАФ моделот.

Овој модел во Ѓорче Петров се имплементираше како дел од проектот “Поддршка на државните институции во имплементација на ЦАФ моделот” спроведен од страна на МИОА и мисијата на ОБСЕ во Скопје. Процесот на имплементација траеше околу шест месеци. Вработените дадоа максимум, со што планот се реализираше околу 70 проценти.