Преку хуманитарен јавен настап на веселите цветчиња од 3-б одделение од ООУ “Мирче Ацев”,  во просториите на училиштето се собираа донации за изработка на пакетчиња за дечињата од Детската клиника во Скопје.

Во присуство на градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, дечињата се претставија со македонско оро, игра и песна. Беше поставена и кутија за донации, која се полнеше по настапот на третоодделенците.

Наумоски им се заблагодари на дечињата и наставничките од училиштето за нивната хумана мисија, им ги честиташе претстојните празници, и истовремено им порача да ја продолжат оваа традиција и да организираат слични настани, кои тој секогаш ќе ги поддржува.