Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски оствари работна средба со директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Борис Тунџев. Средбата беше во насока на забрзување на процесите на легализација и решавање на имотно-правните проблеми на граѓаните. Воедно, Наумоски и Тунџев разговараа и за забрзување на постапките и протоколите во однос на легализацијата, во интерес на жителите на  општина Ѓорче Петров