Поради тоа што во изминатите денови забележано е депонирање и палење отпад во депонијата во Ново Село-кај пречистителната станица, без овластување од страна на општината, информираме дека инспекциските служби на Ѓорче Петров ќе вршат зачестени контроли и санкционирање на прекршителите, согласно законската регулатива.

Акцијата е во координација со припадници на Министерството за внатрешни работи. Истовремено, оваа мерка се презема и заради енормното загадување во овој период од годината и поради ублажување на последиците од истото.
Апелираме на совесност од граѓаните и максимално почитување на Законот за јавна чистота (чл.14 и чл.14-а).