На улицата “Алексо Демниевски” во населбата Ѓорче Петров поставена е нова атмосферска канализација во должина од 324 метри и цефки со димензија Ф-400. Со нејзиното поставување ќе се решат досегашните проблеми на кои наидуваа граѓаните во овој дел од општината. Тие во минатото многу често после временски непогоди имаа проблем со поплавување, но и со тешко движење на возила низ улиците.