Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски им подели пакети со храна и облека на 14 социјално загрозени семејства кои живеат на територијата на општината. Наумоски и дел од општинските служби, во соработка со здружението “Љубезност” од Скопје, им излегоа во пресрет на семејствата на кои неопходна им беше ваква помош. Целта на општината е да ги детектира семејствата кои се соочуваат со вакви проблеми, за во иднина да изнаоѓа начин да им помага. Во наредниот период, планирана е посета на 70 социјално загрозени семејства кои живеат на територијата на Ѓорче Петров.

Соработката со невладиниот сектор ќе се интензивира и во иднина. Воедно, од општината апелираат и до други невладини организации да се вклучат во вакви хуманитарни акции за помош и поддршка на оние семејства на кои истата им е најпотребна.