Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски учествуваше на регионална конференција “Зголемување на бројот на велосипеди во Скопје”, поддржана од Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) и германската Влада.На средбата на која учествуваа и други градоначалници на скопските општини и на Градот Скопје, Петре Шилегов, беше заклучено дека новата градска администрација во иднина интензивно ќе работи на на намалување на емисијата на штетни гасови и растоварање на градскиот метеж во центарот на Скопје, преку еколошко и системско решение.

Предвидено е со секоја нова изградена и реконструирана улица да се градат и соодветни велосипедски и пешачки патеки, со цел да се овозможат алтернативни начини на движење на граѓаните на Скопје. Планот на новата градска администрација е Скопје да стане просперитетен и модерен град, како и зелена европска престолнина до 2021 година со функционирање на градот со системот смарт-сити.