Градоначалникот Александар Наумоски одлучи наместо да се организира прослава во Ѓорче Петров, средствата за дочек на новата 2018 година да се пренаменат за радост кај најмладите, односно за новогодишни пакетчиња за сите првооделенци од училиштата на територија на општината, кои ќе им бидат доделени во пресрет на празничните денови.

Во однос на украсувањето на територија на општината, пак, согласно Законот за јавни набавки и по спроведена постапка, како најповолен понудувач е избрана фирмата “Линк медиа” од Скопје. Со украсувањето ќе бидат опфатени повеќе локации, меѓу кои улиците “Ѓорче Петров”, Партизански одреди до “СП Планет”, двата кружни текови, паркот и споменикот на Ѓорче Петров пред СП Планет.  

Украсувањето за кое  ќе се одвојат 1.059.201 денари, предвидено е да биде завршено во наредниот период.