Градоначалникот Александар Наумоски го прими младиот каратист Александар Неделковски кој на Балканското првенство во карате за кадети, јуниори и помлади сениори, одржано во Херцег Нови, Р.Црна Гора, на кое учествуваа 485 каратисти од сите балкански земји и Турција, во конкуренција „Кадет-Ката“, освои сребрен медал.

Конкуренцијата беше навистина многу силна. Но, за овој турнир сериозно се подготвував подолго време и воопшто не се сомневав дека моите шанси се добри за освојување медал. Се покажа дека со напорна работа и редовни тренинзи може да се освои и нешто повеќе од очекуваното. Во мојата категорија имаше многу добри каратисти, но сепак јас во моето Ѓорче донесов сребрен медал на кој сум посебно горд, изјави Неделковски.
Младиот каратист кој е член на карате клубот “Металург” и минатата година во Трбовље освои дури две златни медали во категоријата на натпреварувачи до 14 години.