На повеќе локации во општина Ѓорче Петров се спроведува голема акција за собирање смет. Се чистат депонии кај фабриката “Адинг”, во Кучково, кај ООУ “Јоаким Крчоски”, во Ново Село, под обиколницата и на други локации. Подигнато е повеќе од шест камиони шут, кабаст материјал и смет.

Акција за чистење на улици и депонии се спроведуваше и викендов. Службите на општината во соработка со Град Скопје интервенираа на повеќе локации, односно се чистеше на главните, собирните и споредните улици во општината. Покрај општинските комунални служби, во акцијата беше вклучено и Јавното претпријатие “Комунална хигиена”.

Целта на акцијата, е почисто Ѓорче, слободен пристап до објектите каде што до скоро имаше шут, но пред се, заштита на животната средина и превентивно делување заради опасност на ширење зарази од депониите кои подолго време не беа расчистени.