Во новоадаптираниот простор во Центарот за култура “Ѓорче Петров” првпат се слушна судбоносното да на првиот пар од трите закажани за венчавање во четврток, 7 декември 2017 година.

И младоженците, и гостите беа воодушевени од условите во кои сега се одржува овој свечен чин. Градоначалникот Aлександар Наумоски им посакува долг и среќен брак на сите оние кои првпат ќе имаат можност да го почувствуваат новиот прекрасен амбиент во Центарот.