Заради отстранување на дефект на далеководи за пренос на електричната енергија кон селата Никиштане и Орман, ЕВН – Скопје, со предходно поднесено писмено брање до „Македонски шуми“, како надлежни за издавање дозволи за сеча на дрва во руралните делови, отстрани зимзелени и листопадни дрва во близина на ООУ „ Јоаким Крчоски” во општината Ѓорче Петров кои претставуваа потенцијална опасност за далеководите кои поминуваат на овој потег.

 

Пресечените дрва и гранки останаа во близина на училишниот двор. Истите претставуваат опасност, да се повредат децата. Општинските инспекциски служби веднаш излегоа на лице-место за да ја констатираат ситуацијата на терен и да преземат соодветни законски мерки со што во најбрз временски  рок ќе се реши моменталната ситуација.