Во соработка со Националниот совет за родова рамноправност во просториите на општина Ѓорче Петров се одржа работен состанок за семејно насилство. Присутни беа членови на администрацијата на локалната самоуправа, Советот, членови на Комисија за труд и социјална политика на општината, директори на училишта, претставници на невладини организации, како и надворешни соработници кои делуваат во оваа сфера. Дебатата е по повод 16 дена активизам против семејното насилство, а како продолжение на претходна соработка потпишана со меморандум меѓу Националниот совет и  Ѓорче Петров.

Во полето на родова еднаквост во општината се работи со години наназад. Савка Тодоровска од Националниот совет истакна дека треба да се отворат координативни тела и ингеренциите да се симнат на општинско ниво. Потребна е и СОС линија на ниво на општината за која надлежните од Ѓорче Петров размислуваат да ја воведат во иднина. Овие активности се преземаат врз основа на истанбулската Конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и домашното насилство, која беше усвоена и на седница на Влада на РМ.