Спортшоп Мак од Скопје за ракометниот клуб “Ѓорче Петров” од истоимената општина денеска донираше дваесет и еден пар машки тренерки  во вредност од 42.000 денари. Домаќин и посредник за овој настан и соработка да се случи е градоначалникот, Александар Наумоски. Во својот кабинет тој ги пречека претставниците на двете страни, каде нагласи дека силно ќе се заложи во иднина спортот да се унапреди во интерес на граѓаните и пред се, младата популација.

 

Ѓорче Петров е позната како спортска општина, од која потекнува и некогашниот женски ракометен шампион “Кометал Ѓорче Петров”. Градоначалникот Наумоски и понатаму ќе изнаоѓа начин да им се помага и на останатите клубови кои егзистираат на територија на општина Ѓорче Петров, и зошто да не, можеби во блиска иднина, да имаме повторно некој шампион.