Во близина на пазарчето во населбата Ѓорче Петров е пуштен во употреба целосно нов паркинг простор. Со доаѓањето на Александар Наумоски на позицијата градоначалник на оваа општина, преку новиот паркинг се реши долгогодишниот проблем на жителите, особено на посетителите на пазарот кои доаѓаат со возила.

 

Улицата “Новопроектирана 1” досега беше многу често блокирана од времено паркирани возила, а сопствениците се соочуваа со проблемот, подигање на возила од страна на пајак-службата. Новоизградениот паркинг кој е пуштен во употреба минатата недела ќе овозможи непречено паркирање и за купувачите, и за сопствениците на тезги во пазарчето.

Паркинг-просторот е од времен карактер, изграден во интерес на граѓаните, додека целосно не биде завршена новата општинска зграда во која ќе им 350 подземни паркинг места, што делумно ќе ги задоволат потребите на ѓорчепетровци.