Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски потпиша и додели 64 решенија за легализација на дивоградби. Видно беше задоволството на граѓаните кои со години чекаа нивниот проблем, со легализирање на бесправните објекти, да биде решен. Ваквиот транспарентен начин на доделба на решенија на граѓаните ја елиминира можноста за фаворизирање при решавање на барањата за легализација на бесправно изградени објекти.

До општинските служби поднесени се над 12 илјади барања за легализација, до сега се разгледани и решени 6.129 предмети, а остануваат за реализирање уште 6.032 решенија кои се веќе во обработка. Од општината апелираат до граѓаните оние кои досега не ги комплетирале своите документи да се обратат за консултација до Секторот за урбанизам при општина Ѓорче Петров, со што ќе си го остварат своето законско право за легализација на бесправно изградените објекти.