Дотраените простории во кои сега се наоѓа матичната служба во Општина Ѓорче Петров се во незавидна состојба. Токму затоа, градоначалникот Александар Наумоски презеде времени мерки со тоа што овозможи соодветни услови кои приличат за вакви настани за венчавање на млади парови. Имено, во Центарот за култура  „Ѓорче Петров“ извршена е пренамена на дел од сцената со што се доби сосема нов адаптиран простор за венчавки.

 

Поставена е нова завеса по широчина на целата сцена и адаптирани се столиците за младите и гостите кои ќе присуствуваат на чинот. Оваа мерка ќе трае се до преселување на општинските служби во новата општинска зграда каде што е предвидена и сала за венчавање.
Веќе за во четврток (07.12.2017) во адaптираниот простор се закажани три венчавки.