Еден од приоритетите на градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Александар Наумоски е зачувување на животната средина и пошумување на сите слободни општински простори, со што видно ќе се подобри квалитетот на живеење, но и ќе се придонесе за поквалитетен воздух. Во период кога имаме зголемено загадување на воздухот и се бориме против тоа, и затоа што општината важи за една од еколошките средини во Скопје, тенденција е да се засадуваат што поголем дел од слободните површини.

 

Токму затоа, на територијата на Ѓорче Петров деновиве се засадени стотина нови повеќегодишни растенија со висок квалитет, со старост повеќе од 10 години и оформен коренов систем. Имено, засадени се липа, јавор, елки, бор и туја во дворовите на училиштата, Герентолошкиот завод “13 Ноември” и на други локации, каде што предходно е направен увид и добиени се сознанија за потреба од засадување на нови дрвца.
Акцијата која беше прва од ваков тип беше проследена од градоначалникот Наумоски, кој воедно и учествуваше во засадувањето. Општина Ѓорче Петров овој тренд ќе го продолжи и практикува и во иднина.