По Програма на ЈП Комунална хигиена Скопје во соработка со Општина Ѓорче Петров

ЈПКХ Скопје, со 4 наменски комунални возила-кипери од 2,5м3,  ќе ja спроведе втората есенска акција за собирање на кабаст отпад, по утврдена динамика во РЕОН 1 и РЕОН 2 – градски реони на општина Ѓорче Петров, БЕЗ НАДОМЕСТ, на 17.11.2017 и 18.11.2017 (петок и сабота), од 07-11ч.

Под кабаст отпад се подразбира: делови на мебел и на него слични предмети; опрема–делови на бањи и купатила; бела техника-електрични апарати за домаќинства (шпорети, ладилници, машини за перење алишта и садови, бојлери и слични предмети); електронски апарати (компјутери, телевизори, музички системи и сл.), како други на нив слични кабасти предмети кои се користат во домаќинствата, а не им се потребни;
 
РЕОН 1- (17.11.2017- петок)
УЗ ХРОМ, дел од УЗ Ѓорче Петров и дел од УЗ Мирче Ацев (под ул: Ѓорче Петров до пресек со ул: Арсение Јовков, долж истата до ул:Црногорска и УЗ ДЕКСИОН (го опфаќа и просторот над пруга со станбени куќи, лево од гробиштата);

РЕОН 2 – (18.11.2017 - сабота)
Реонски центар (делот околу паркот), стопанската зона, дел од УЗ Ѓорче Петров и дел од УЗ Мирче Ацев (над ул: Ѓорче Петров до ул: Арсение Јовков) и УЗ Даме Груев;

ОБВРСКИ НА ГРАЃАНИТЕ:

КАБАСТИОТ ОТПАД ДА СЕ ИЗВАДИ ОД 7.00 - 9.30ч.
За индивидуални куќи – Кабастиот отпад да се извади пред капија. Во тесни и слепи улици да се извади до прва поширока улица.
За станбени згради: во непосредна близина на зградите, да не се попречува пешачкото движење и да е пристапно за возилата на ЈПКХ (до контејнерите);

СЕ ПОВИКУВААТ ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ДА ГИ ИСКОРИСТАТ ПРЕДВИДЕНИТЕ ТЕРМИНИ ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА СВОИТЕ ДОМОВИ И ДВОРОВИ ОД НЕПОТРЕБЕН КАБАСТ ОТПАД – БЕЗ НАДОМЕСТ, СО ШТО ЌЕ ПРИДОНЕСАТ ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА;

ВО ТЕКОТ НА ГОДИНАТА, НЕ Е ДОЗВОЛЕНО ОДЛАГАЊЕ НА КАБАСТ ОТПАД ДО КОНТЕЈНЕРИТЕ, КАКО И НА ДРУГИ НЕСООДВЕТНИ МЕСТА ЗА ТАА НАМЕНА;

ОВАА УСЛУГА ГРАЃАНИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА ЈА ДОБИЈАТ СО ЈАВУВАЊЕ НА БЕСПЛАТНИОТ ТЕЛ. БРОЈ НА ЈПКХ  0800 222 33